Обвинение против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми
Федералната порота во Вирџинија подигна обвинение против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, за наводно лажно сведочење пред Конгресот во 2020 година...

Федералната порота во Вирџинија подигна обвинение против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, за наводно лажно сведочење пред Конгресот во 2020 година. Тој се изјасни за невин, а судењето е закажано за 9 октомври. Обвинението, покренато од поранешна адвокатка на Трамп, предизвика критики од демократите, кои го нарекоа случајот „срамотен напад врз владеењето на правото“.
„Јас и моето семејство со години знаеме дека има цена да се спротивставиме на Доналд Трамп, но не можеме да замислиме да живееме поинаку.. Нема да живееме на колена, а ни вие не треба. Некој што го сакам неодамна рече дека стравот е алатка на тиранин и таа е во право, но јас не се плашам. Имам голема доверба во федералниот судски систем бидејчи сум невин. Затоа, ајде да имаме судење“, изјави Џејмс Коми - поранешен директор на ФБИ.
