Прекин на огнот во Газа
Примирје и во Газа. Илјадници Палестинци вчера вечер излегоа на улиците да ја прослават најавата за прекин на огнот.

Примирје и во Газа. Илјадници Палестинци вчера вечер излегоа на улиците да ја прослават најавата за прекин на огнот.
За успех на преговрите во Каиро и постигнување на договор, палестинските и египетските власти сметаат дека е потребно траен прекин на непријателството, итно отворање на блокираните премини од Газа кон Израел и Египет и проширување на територијата на рибарската зона во Медитеранот. Во рамките на траењето на ова второ примирје, Иразелците и Палестинците ќе дискутираат и за конструкција на пристаниште во Газа, како и за тоа Израел да ги ослободи затврениците од Хамас.
Во седумнеделните напади загинаа 2140 Палестинци. Повеќето од нив се цивили, вклучително и 490 деца. Од израелска страна животот го загубија 64 војници и 5 цивили.
