Македонија

Законски измени за извршување санкции

26.09.2025 12:39

Над 60 проценти од затворениците во Македонија се повратници. Во казнено-поправните установи недостигаат стручњаци кои ќе работат на ресоцијализација, но и ќе се грижат за здравјето на осудените лица. Се подготвува нов закон за извршување санкции што треба да придонесе кон надминување на проблемите, кои секоја година се нотирани во извештајот на Народниот правобранител…

Дури 68 проценти од осудените лица биле повратници во затворите во земјава што значи дека стапката на ресоцијализација е поразителна. Експертите велат дека со законските измени кои ги предлагаат се прецизираат мерките, освен меѓу другите за континуирана обука на вработените, и од затворите и од управата.

Од Управата се посочува дека само во 2024 година во одредени оддели во затворот „Идризово“ неколку стотини затвореници опслужува само едно лице што е под сите стандарди.

Не се подобри состојбите и со докторите кои работат во затворите, за што од соодветните министерства се бараат лица за вработување. Се размислува, вели Пандов, да се воспостави и сопствена економија која ќе создава профит за покривање на потребите на затворите како што некогаш одделни затвори функционирале, а што е случај во многу развиени земји.

Фиљана Кока