Агенција за храна и ветеринарство

Препораки за сточарите за заштита од „син јазик“

27.08.2014 11:18

Агенцијата за храна и ветеринарство излезе со препораки до сточарите за третманот на добитокот по појавата на добиточната болест син јазик. Болеста не се пренесува од животно на животно, а за луѓето луѓето не е заразна...

Болните животни треба да примаат  соодветна терапија и да се третираат против секундарни инфекции. Не треба да се изложуваат на напор, и да се држат на изолирано, суво и  место во сенка.

Добитокот треба да се заштитат со средства против инсекти одредени од ветеринар.

Оваа болест  ја има во Македонија, Бугарија и Грцијаја, ја пренесуваат комарци, а нај погодени се овчарските фарми.

Се манифестира со губење на телесната тежина и намалување на млечноста. Морталитетот е од 20 до30,а па дури и до 70проценти.Можат да заболат и кравите, но за нив не е смртоносна.

Експертите предупредуваат дека епидемијата допрва претстои по влажното време кое е поволно за размножување на комарците, кои се преносител на вирусот.

Методија Трајков