Кривични пријави против „Комунална хигиена“
Оттаму обвинуваат дека јавното претпријатие од 15 до 25 септември не ја спроведувало својата основна дејност, одржување на хигиената на подрачјето на Град Скопје и не го собирало сметот на повеќе локации во општината.

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина. Оттаму обвинуваат дека јавното претпријатие од 15 до 25 септември не ја спроведувало својата основна дејност, одржување на хигиената на подрачјето на Град Скопје и не го собирало сметот на повеќе локации во општината.
Од Град Скопје, пак, соопштија дека и тие се приклучуваат кон кривичната пријава и оти и дека имаат поднесок против претседателката на Управниот одбор на „Комунална хигиена“, Јулијана Спироска поради, како што велат, опструкции во работењето на јавното претпријатие.
