Здравство

Зголемен број на ненадејна срцева смрт кај млади лица

26.09.2025 13:22

Лекарите загрижени поради ненадејната срцева смрт кај млади. Бараат да се воспостават регистар и скрининг за да се спаси живот...

Зголемен е бројот на ненадејна срцева смрт кај млади лица, и во земјава и на глобално ниво. Потребно е подигање на јавната свест за важноста на обдукцијата, велат експерти. Објаснуваат дека е неопходно да се изврши судско-медицинска обдукција за да се утврди причината за смртта, со тоа потенцијално да се спаси живот на некој од роднините на починатите. Но, семејствата ретко го дозволуваат тоа. Потребен е генерален регистар и скрининг за да се знае точниот број, причинителот и дали има евентуално генетска предиспозиција.

Ненадејната срцева смрт е една од водечките причини за фатален исход. Потребно е унифицирање на протоколите за работа.

„Во овие случаи на ненадејна кардиолошка смрт ние работиме за фамилиите, ние имаме должност да ја преведеме неочекуваната фатална епизода во нешто од кое ќе имаат бенефит семејствата бидејќи ненадејната кардиолошка смрт во која ако е потврдена генетска мутации ги вклучува семејствата кои мора да поминат низ скрининг на кардиолози за да се исклучи можноста дека оваа варијанта е фатална и е присутна кај друг член од семејството“, изјави Стефано Д‘ Ерико – експерт по судска медицина од Италија.

Експертите уверуваат дека од технолошки и стручен аспект во поглед на ненадејна срцева смрт земјава котира на највисоко ниво.

Ана Јосифоска