Претседателот Иванов во Анкара ќе присуствува на инаугурацијата на Ердоган
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во Анкара, каде што ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган.
Македонскиот претседател, својот престој во Турција ќе го искористи и за посета на неколку турски компании, а ќе присуствува и на бизнис форум во индустриската зона во Остим, близу Анкара. Присуството на инаугурацијата ќе биде можност за средби на Иванов со шефовите на делегациите, присутни во Анкара.

На свечената церемонија во Анкара е најавено да присуствуваат делегации од околу педесетина држави. Реџеп Таип Ердоган кој од 2003 година е Премиер на Република Турција, на изборите одржани во август беше избран за дванаесеттиот турски претседател и доаѓа на местото на досегашниот претседател Абдула Ѓул.