МВР

Дисциплинска постапка за 11 вработени во СВР-Велес

26.09.2025 18:39

Внатрешната контрола на МВР потврди – имало пропусти во случајот со велешанката Росица Коцева. Против 11-мина вработени во СВР – Велес се покренати дисциплински постапки. пропустите се направени со претходните пријави од жртвата.

Внатрешната контрола во МВР утврдила дека 11 полициски службеници од СВР Велес не постапиле во целост и согласно законските обврски и процедури по пријавите, во случајот со Росица Коцева, која беше жртва, убиена од нејзиниот поранешен партнер Илија Стефановски. Тој претходно го уби и татко и Киро. За ова непочитување на процедурите, од страна на полициските службеници, писмено било известено и ОЈО Велес. Од МВР велат дека во најголемиот дел од случаите, полицијата постапила согласно законските процедури, за што била поднесена и кривична пријава против пријавениот, која заврши со условна пресуда во судска постапка.

На 21 мај годинава Росица го пријавила Илија во ОЈО Велес за неизвршување на судска одлука, бидејќи и покрај дополнителните мерки за заштита од семејно насилство, тој не ги почитувал и продолжува да и испраќа пораки и фотографии со обид да оствари комуникација со неа.

На 18 мај Росица пријавила дека Илија го украл од пред семејниот двор и го запалил автомобилот, сопственост на нејзиниот татко. По оваа пријава, ОЈО Велес на 26 јуни годинава издало наредба до МВР за обезбедување докази од телефонската комуникација, како и четири наредби за обезбедување снимки од видеонадзор од различни локации во Велес. По овие наредби МВР уште постапува.

Во моментите кога Илија го сторил делото, на сила била забраната за напуштање на живеалиштето, на градот Скопје но и приближување до Росица и контактирање со неа.

 

Петар Печков