Локални избори

Заклучен Избирачкиот список- над 1,8 милиони гласачи регистрирани за локалните избори

26.09.2025 16:36

ДИК го заклучи Избирачкиот список – над 1,8 милиони гласачи се регистрирани за локалните избори. Околу 112 илјади се во странство. Ќе се гласа и во казнено-поправните установи, како и во домовите за стари лица. Најмногу ливчиња на 19-ти октомври во рацете на скопјани…

Државната изборна комисија го заклучи Избрачкиот список. Право на глас на локалните избори имаат 1.717.803 граѓани во земјава. Во посебниот извод, пак, регистрирани се 112 илјади избирачи кои се на привремена работа во странство. Над 2.500 регистрирани за гласање се во затворите и старечките домови.

На 132 избирачки места се регистрирани помалку од 10 гласачи. За нив, Државната изборна комисија усвои упатство за начинот на гласање.

Досега до ДИК биле поднесени четири барања за набљудување на изборите. На локалните избори ќе се гласа на вкупно 3.480 избирачки места. Првиот круг е на 19-ти октомври, вториот на 2-ри ноември.

Викторија Милевска