Локални избори

В понеделник почнува изборната кампања

26.09.2025 16:15

Коалициите, партиите и независните кандидати чекаат подготвени во низок старт. В понеделник почнува изборната кампања – време да се понудат аргументи зошто граѓаните треба да го дадат гласот за нив, а не за опонентот. Дел од учесниците потпишаа кодекс за фер и демократски избори…

Дел од кандидатите за градоначалници и советници, предлози на коалициите, партиите и независни потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Се обврзаа да ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење. Уверуваат дека нема да вршат каков било притисок врз вработените во јавната администрација за време на изборниот процес и ќе се воздржуваат од говор на омраза. Единствено, кандидатите на Левица одлучија да не пристапат кон потпишувањето, бидејќи не се согласуваат со упатството за рекламирање.

Освен во Скопје, Кодекс се потпишуваше и во Охрид, Битола и други градови. Викендов, пак, ќе има потпишување на Кодексот и во Државната изборна комисија.

Кандидатите се веќе во низок старт. Кампањата почнува в понеделник и ќе трае до 17-ти октомври на полноќ, кога почнува изборниот молк.

Марина Стојанова-Тонева