Зошто треба да јадете лубеница?

27.08.2014 12:01

Покрај тоа што е вистинско летно освежување, таа е и прав извор  на витамини и здравје.

Лубеницата е богата со ликопен, антиоксидант кој и ја дава впечатливата црвена боја (исто како и кај доматите) и го намалува ризикот  за рак на простата. Воедно штити и од болести на срцето, матката и јајниците, а се смета дека ја подобрува плодноста.

Покрај тоа што содржи големо количество на А, Б и Ц витамини,  богата е со вода (околу 92%) и помага при регулација на телесната тежина бидејќи не содржи калории. Во 100 грама лубеница таа има 10% шеќери, 90% вода, 20 милиграма бетакаротин, 0.5 милиграма железо, 7 милиграма калциум, 10 милиграма фосфор и околу 20 калории.

Ако сакате да го извадите максимумот од „здравјето“ на лубеницата, немојте да ја чувате во фрижидер. Иако е привлечна и нуди повеќе освежување, таа на овој начин  ќе изгуби до 40% од ликопенот.