Временска прогноза

Денеска облачно проследено со повремени дождови

27.09.2025 09:06

На одредени места, врнежите ќе бидат интензивни и пообилни, со можност за ретки грмотевици. Ќе дува благ до умерен ветер од јужен правец...

Денеска ќе преовладува облачно и разладено време, проследено со повремени дождови. На одредени места, врнежите ќе бидат интензивни и пообилни, со можност за ретки грмотевици. Ќе дува благ до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи од 9 до 18 степени, додека максималната ќе достигне од 14 до 22 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17 степени, а максималната ќе достигне до 21 степен.