Шест лица со попреченост на кандидатските листи
Шест лица со попреченост се најдоа на кандидатските листи за советници во општините. Од „Инклузива“, задоволни, постои напредок, но не и целосна инклузија. Бараат учесниците на изборите, овие лица да ги вклучат во носењето на политиките. Но уште мора да се работи и на пристапната инфраструктура...

Учениците на изборите да покажат волја за инклузија на сите граѓани, бараат од Здружението „Инклузива“. Политичките партии и коалициите велат да се консултираат со лицата со попреченост, нивните семејства и да ги вклучат во носењето на локалните политики. Податоците на здружението покажуваат дека на кандидатските листи за советници, шест лица се со различна попреченост. Тоа е напредок, но не е задоволително.
„Идентификувавме дека ретко кој има канцеларии, која било партија, што се пристапни за да можат да им се приклучат граѓаните со попреченост. Многу ретко ги вклучуваат во носењето на политиките, тоа е инклузивноста, да креираат политики, да бидат вклучени на листи но и да се слушаат нивните барања“, истакна Благица Димитровска, Здружение „Инклузива“ Куманово.
Од „Инклузива“ потенцираат и дека сè уште останува проблемот со непристапноста на гласачките места. Најголем дел од нив се во образовните установи, беа лифтови, пристапни рампи.
„Институциите се физички непристапни за да остварат некои права, образованието исто така, градинките, комуникацијата, различни бариери ги спречуваат тие да бидат еднакви како сите други граѓани“, дополни Димитровска.
Узурпираните тротоари од несовесни возачи, но и немањето рампи е проблем за лицата со попреченост, но и за повозрасните, мајките со колички.
„Во здравствен дом немаме прилаз со количка, имам внуки количката мора да ја оставам надвор“, дополни кумановка.
„Треба да се ослободи култура треба да има човек“, вели друг граѓанин.
„Нема ниту вакви рампи насекаде, нема и тоа што имаше искршија“, вели трет.
Од „Инклузива“ бараат и програмите на партиите да бидат во соодветни формати и информациите да стигнат до сите граѓани.
Инклузивна заедница е онаа во која секој нејзин граѓанин, има можност за еднакво учество во носењето одлуки, работењето и развојот.
Елена Георгиевска
