Електронски информации за вработување

18.12.2013 14:40

За првпат на интернет-страницата на Aгенцијата за вработување на едно место ги има понудата и побарувачката за работа. Преку овој сајт, промовиран денеска, кој е практично пазар на трудот, во секое време можат да се следат огласите.

-Ова е нов исклучително важен проект бидејќи овозможува навремени информации за сите отворени работни места, број на отворени работни огласи - Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.

Новина е и што во огласите работодавачите ќе мора задолжително да ги наведат основната плата и работното време за местото што го нудат.

-Kога ќе кликнеме пребарување, излегуваат огласите. Невработените  ги  означуваат огласите што ги интересираат и тие им стигнуваат на меил и на смс порака - Влатко Поповски , директор на Агенцијата за вработување на РМ.

Надлежните апелираат почесто да се користи новата веб-страница, затоа што, според нив, го олеснува пристапот до пазарот на трудот. Моментално во земјава има 4851 слободни работни места, додека бројот на активните баратели на работа е 95.279 лица.