Политика

Подготовки и пораки два дена пред почетокот на кампањата

27.09.2025 16:54

Викенд пред почеток на изборната кампања, засилени подготовки во штабовите, потпис на кодексот за фер избори. Кампањата да не биде театар на празни ветувања, мандатот е договор со граѓаните, во Штип на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ им порача лидерот Мицкоски. Од Скопје претседателот на СДСМ, Филипче изјави очекува фер трка со реални програми...

Кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за 62 општини и град Скопје денес беа промовирани во Штип. Обврска ни е да стоиме рамо до рамо со народот, не ни се важни фотелјите, туку Македонија и нејзините интереси, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Фер и позитивна кампања од сите учесници на локалните избори, очекува претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Вели дека партијата ќе понуди чесни кандидати со визија и солидна програма за развој на општините, каде што има свои кандидати за градоначалници и советници.

Со кодексот за фер и демократски избори дел од учесниците на локалните избори, уверуваат дека нема да вршат притисок врз вработените во администрацијата за време на изборниот процес и ќе се воздржат од говор на омраза. Потпис ставија и кандидатите за градоначалници од Тетово.

Кампањата почнува в понеделник, ќе трае до 17 октомври на полноќ, кога почнува изборниот молк.

 

Славица Величковска