Политика

Мицкоски и Филипче со контра ставови за резолуцијата

27.09.2025 17:29

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто СДСМ предлага резолуција пред избори во која предвидува и уставни измени. За Мицкоски црвените линии се трикови кои отсликуваат контури на ново предавство, за лидерот на СДСМ Филипче, резолуцијата е најпартиотскиот документ, што е досега поднесен...

Зошто пред избори СДСМ излегува со декларација во која ја наметнува темата за уставни измени – прашува премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. На настанот на кој беа промовирани кандидатите за градоначалници, посочи дека ова се обиди да го измамат македонскиот народ, со црвени линии кои и тие самите не ги почитуваат. Мицоски ја праша опозизијата до кога испраќа сигнали со ваквата резолуција.

„Нивните црвени линии вакви или такви, препознатливи или непрепознатливи, нема да дозволам да се црвени линии кои ќе отсликаат контури на ново предавство во иднина, ако им се дозволи да го реализираат нивниот план. Запрашајте се зошто оваа тема ја наметнуваат пред избори. Повторувам, не знам и се чудам на што се надеваат, до кого го испраќаат овој сигнал. Сега нудат резолуција која и самите знаеме дека каква, каква што е нема да ја почитуваат. Повторно прашувам кој ги тера за кого работат и до кога ќе им трае овој аранжман“, изјави христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на социјалдемократите, упати критика кон власта за тоа што, како што рече, го запира европскиот пат на државата и ја одбива резолуцијата за национален консензус околу евроинтеграциите.

„Пред три дена го одбија еден од најпатриотските документи којшто бил виден на нашата политичка сцена, а тоа е предлог резолуцијата за национален консензус, заеднички црвени линии и временска рамка за почеток на отворањето на поглавјата и продолжувањето на преговорите со Европска унија“, нагласи Филипче.

Резолуцијата со црвените линии, според СДСМ е веќе испратена до политичките партии, а Филипче вели дека е подготвена да разговара и за евентуално нова резолуција предложена од ВМРО ДПМНЕ.

 

Игор Панов