УПОЗ: Заминува кадар од јавнообвинителската служба
Синдикалната организација на јавни обвинителства при синдикатот на УПОЗ бара да биде да биде вклучен во работната група и да се остане на предлог законот кои го подготвувале со Министерството за правда....

Измените на законот за јавнообвинителска служба објавени на ЕНЕР не кореспондираат со предлозите на синдикатот и повторно ги остава службениците без решенија за суштинските проблеми. Синдикалната организација на јавни обвинителства при синдикатот на УПОЗ бара да биде да биде вклучен во работната група и да се остане на предлог законот кои го подготвувале со Министерството за правда.
Оттаму реагираат дека платите на јавнообвинителската служба мора да се зголемат и да се уредат и дежурства, надоместоци, дневници и вонредна работа, кои иако како што велат биле утврдени и во одредбите на стариот закон и им следуваат, не се исплаќале. Синдикалната организација објави дека ниту еден службеник не зема плата во висина на просечната.
Упатија апел – законот за јавнообвинителска служба да се донесе по завршување на локалните избори во првично подготвената форма.
