Скопје

Граѓаните стравуваат од зараза, Скопје се гуши во смет

27.09.2025 16:16

Аеродромци и изутрината на протест за Вардариште. Фокус директно на депонијата. На терен и претставници на надлежните институции. А, Скопје и натаму се гуши во смет. Граѓаните се плашат од зарази.

Кога ќе излезете од својот дом за да ги завршите дневните обврски, мини депонии на секој чекор. Дождот дополнително го отежна проблемот со расфрланото ѓубре. Непријатна миризба и лоша слика која не доликува на метропола.
Аеродромци протестираат за решение со депонијата Вардариште. Им се приклучија и претставници на надлежните институции, но Скопје и натаму се гуши во смет, а граѓаните стравуваат од зарази.

И додека граѓаните немаат каде да го одлагаат отпадот, надлежните со меѓусебни обвинувања и кривични пријави. Дел од општините пак, наместо пријави, сами го собираат ѓубрето.

Преполните контејнери со отпад се идеално место за размножување бактерии, инсекти и штетници. Мувите кои се наоѓаат во ѓубрето се истите кои завршуваат врз нашиот ручек и со тоа шират зараза и ризик од салмонела.

Скопје неколку недели е затрупано со смет. Зелени површини покриени со ѓубре, пластика и стари апарати за домаќинство. Додека институциите се надмудруваат, вистинската штета ја трпат граѓаните.

 

 

Александра Спировска