Вработување

Белгиски „Ван Хол“ бара работници

27.08.2014 12:19

Белгиската фабрика за автобуси „Ван Хол“ лоцирана во Технолошко индустриско развојната зона „Скопје 2“ во Бунарџик, распиша оглас за нови вработувања на повеќе позиции. Се бараат: електро инсталатери, електро техничари, столари, автолимари/монтери ,механичари, техничари за хидраулика и пневматика, стручни лица и техничари за  греење, ладење и климатизација.

Огласот е отворен до 1 септември, а кандидатите треба да испратат Си- Ви, со назнака за која работна позиција аплицираат. Белгискиот инвеститор во Бунарџик произведува автобуси кои во најголем дел се пласираат на американскиот пазар. Огласот е резултат на потребата од работници поради зголемување на производството и воведувањето на нови модели на автобуси. Белгиската компанија инвестира 20 милиони евра, а полниот годишен капацитет се очекува да достигне 400 автобуси.