Временска прогноза
Облачно време со повремени врнежи од дожд
28.09.2025 08:43
УХМР за денеска најавува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 10 до18 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 21 степен.
Времето во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе се движат во интервал од минимални 15 до максимални 19 степени.
