Охрид

Охриѓани со пораки кон идниот градоначалник

28.09.2025 14:57

Зачувување на статусот на УНЕСКО, одржлива урбанизација, поголема грижа за животната средина, изградба на катни гаражи, паркови и подобро управување со отпадот. Ова се пораките на охриѓани до идниот градоначалник. Најголемиот предизвик е да се најде баланс меѓу развојот на градот и зачувувањето на неговото природно и културно наследство.

Поголема грижа за животната средина, планска и одржлива урбанизација, изградба и модернизација на патна, водоводна и канализациона инфраструктура. Ова се дел од пораките на охриѓани до идниот градоначалник. Велат итно е потребно решавање на сообраќајот, изградба на катни гаражи и сообраќајни решенија за шпицот на сезона.

Решенија за проблемот со отпадните води и подобро управување со отпадот.

„Приоритет треба да бидат комуналните проблеми коишто ги има во моментот. Хигиената, тука би ја напоменела, прекумерната изградба на овие објекти којшто се кој диви, кој функционални, да речам“, изјави анкетиран жител.

„Првиот приоритет, да го реши сообраќајот во градот. Значи, да ја си изградат катни гаражи, најмалку две. Второ, да се подобри хигиената, бидејќи хигиената во моментов е на пониско ниво. Не е виновен градоначалникот, најверојатно луѓето кои не се придржуваат на мерките“,

„Приоритет треба да биде хигиената, не само во центарот, туку и на периферијата“, рече жител.

„Значи, прво и основно, да се знае ред, значи, се почнува од малите работи. Пешачка зона да се знае каде за велосипеди. А после, сè друго што треба“, додаде друг.

Зачувување на статусот на УНЕСКО треба да котира високо на листата на приоритети, но и изградба на стационар за бездомните животни. Младите бараат повеќе спортски игралишта, паркови и велосипедски патеки.

„Да се изградат патеки за мотори, за велосипеди, пешачки премини повеќе да имаат, автопати поубави“, изјави жител.

„Јас мислам новиот градоначалник да изгради паркови за деца и повеќе игралишта“, рече жител.

„Паркови за деца и повеќе игралишта игралишта“, рече друг жител.

„Треба да има нешто за забава“.

Конечно решавање на проблемот со бездомните животни во Охрид, изградба на стационар и згрижување и третман на сите бездомни кучиња и мачиња на територијата на општина Охрид.

Најголемиот предизвик е да се најде баланс меѓу развојот на градот и зачувувањето на природното и културното наследство.

Соња Рилковска