Скопје

Храмот „Свети Константин и Елена“ ги отвори вратите за верниците

28.09.2025 15:31

По 13 години изградба, ѕвонот на камбаната го означи осветувањето на храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје. Православни верници, функционери, политичари, дипломатскиот кор присуствуваше на свечениот чин...

Скопје доби нов православен храм. По 13 години градба, осветена е црквата „Свети Константин и Елена“ на улица Македонија.

Верниците во долга колона чекаа да влезат во црквата да присуствуваат на историскиот чин на нејзиното осветување.

Црквата е во форма на крст и има една централна и четири помали куполи. Изработени се 12 камбани, од кои најголемата тежи 8,3 тони. Црквата е изградена со донации од верници.

МПЦ му додели орден „Свети Климент Охридски“ од прв ред на ктиторот Сашо Костовски за финансиската помош за доизградба на црквата.

 

Ирина Гелевска