Локални избори

Од полноќ почнува кампањата за локалните избори

28.09.2025 17:03

Од полноќ почнува изборната кампања за локалните избори кои ќе се одржат на 19-ти октомври. 309 кандидати за градоначалници влегуваат во трката по довербата на граѓаните. Тие очекуваат да нема празни ветувања за развој на општината и подобар живот во неа. Комуниколозите предупредуваат засилената негативна реторика е вообичаена.

На полноќ почнува кампањата за локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври. Во трка по довербата на граѓаните 309 кандидати за градоначалници. Има 576 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10.490 кандидати. За нив ќе се изјаснат 1.832.415 избирачи на 3.480 избирачки места. На овие избори нема да има гласање во дијаспората. Право на избор на граѓаните е слободно да одлучуваат, во интерес на изборите да поминат во најдобра демократска атмосфера-ДИК е подготвена вели претседателот на ДИК, Кондарко.

Граганите очекуваат кампања во демократска атмосфера, да нема празни ветувања, да се почитуваат нивите предлози за развој на општината и решение на проблемите. Комуниколозите велат заострена реторика ќе има, не се исклучува и националните прашања од говорницата да ги стават во сенка локалните теми.

Ова се осми по ред локални избори од независноста на државата. Првиот круг за избор на градоначалници и советници во 80 општини и градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври, а по две недели и вториот круг на 2 ноември.

 

Игор Панов