Женските неправди болат, насилството да не се толерира, порака од Конференцијата „Јас сум жена“
Жените кои се соочуваа со насилство не смеат да дозволат молкот да биде погласен од вистината и да толерираат, фемицидот ја гази свесноста на животот, да се негуваат традиционалните вредности но да постои и баланс – гласни пораки од Конференцијата „Јас сум жена“...

Ние жените не смееме да дозволиме молкот да стане погласен од вистината, насилството да се толерира, а најсуровиот облик на убиство, фемицидот, којшто ја гази светоста на животот и ја сквернави суштината на човечкото достоинство, да се сведе на обично убиство. Во видеообраќање на четвртата глобална женска лидерска Конференција „Јас сум жена“, порача претседателката Сиљановска-Давкова
„Ние жените раѓаме и создаваме живот. Ја облагодаруваме грдата реалност, лекуваме со збор допир, љубов и разбирање. Охрабруваме и смируваме, помагаме. Неспорно е дека женскиот пат е потежок од машкиот. Трнлив и полн со препреки, поплочен со предрасуди и стереотипи. Оптоварен со социјална и економска нееднаквост“, рече претседателката Гордана Силјановска-Давкова.
Жените во руралните средини каде се негуваат традиционалните вредности, учествуваат во макотрпната машка работа, но во исто време се и носителки на семејството. Да се признае балансот, современата жена не избира меѓу кариерата и семејството, секојдневно ги усогласува.
Ние не бараме привилегии, ниту женски свет каде ќе доминира матријархатот. Жената и мажот, значат човек! Е пораката испратена на конференцијата за жените.
Александра Спировска
