Промоција на кандидати и изборни штабови
Не ветуваме спектакли лаги и шарени програми, извлековме поука од претходините избори рече лидерот на СДСМ Филипче ги повика кандидати, членството и граѓаните да се обединат во заложбата да се спречи рушењето на заедничкиот дом од страна на оваа власт. Од ВМРО-ДПМНЕ, велат дека ги имаат најдобрите кандидати подготвени за партнери на граѓаните.

„Се бориме за нашиот дом“ е слоганот со кој социјалдемократите ќе настапат на локалните избори. На партиската конвенција промовирани кандидатите за градоначалници и членови на општинските совети. Лидерот Филипче со пофалби за неговите кандидати за кои вели се луѓе кои живеат, работат и ќе им служат на граѓаните чесно, ќе носат одлуки во јавен интерес. Првиот социјалдемократ со критика кон власта, повика на обединување за да се одбрани „заедничкиот дом“ и да се врати достоинството на народот.
Филипче и СДС продолжуваат да се однесуваат како „паднати“ од Марс. Како тие да не беа 7 години власт во Македонија, лажно се претставуваат пред македонскиот народ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката партија изборот е повеќе од јасен. Мрачното минато на Филипче и СДС или светлата иднина на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
„Во времето на Владата на Филипче и СДС, народот живееше со 150 денари на ден, пензионерите беа на барикадите пред Влада барајќи зголемување на платите, земјоделците беа повеќе на протести отколку на нива, младите учеа од скрипти, луѓе гореа живи во болници дизајнирани од Филипче, криминалците по улици дивееја, се даваа дури и пасоши на светски криминалци, корупцијата беше на највисоко ниво, судството свиреше по нотите на Заев и Филипче“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијта и официјално ги промовираше кандидатите за градоначалници. Кампањата за локалните избори стартува утре.
Викторија Милевска
