Лига на шампиони

Арсенал без Жиру во нападот, Бешикташ без Билиќ на клупата

27.08.2014 12:57

Арсенал и Бешикташ тргнуваат од 0-0 во најинтересниот дуел од петте вечерашни реванши во плеј оф рундата од фудбалската Лига на шампионите.

На Емирати Стадионот во Лондон топџиите ќе истрчаат со осетно ослабен состав откако голгетерот Жиру погоди за бод и се повреди во последните секунди од мечот со Евертон.

Ќе го нема и суспендираниот Ремзи кој исто така беше стрелец во тешкото реми  со „карамелите“, како и повредените Артета, Гибс и Волкот.

Турскиот гигант во Лондон ќе остане без советите од првиот човек на клупата, хрватскиот стратег Билиќ, кој доби црвен картон на првиот двобој, па неговиот заменик Јурчевиќ ќе биде на теренот со мобилниот в рака.

Бешикташ  нема проблеми со составот, освен отсуството на Нечип во средниот ред каде што се враќа влијателниот дефанзивец Хачинсон.

Арсенал го издржа „пеколот“ на Истанбул во дуел со многу респект и резервираност од двете страни и пред своја публика ја превзема фаворитската улога и покрај тоа што со послабо оружје ќе мора да демонстрира сила и да постигне гол, за17-ти пат последовно да се најде во најсилната клупска конкуренција во Европа.

Новакот Санчез во нападот и Озил и Вилшер во организацијата на играта,  треба да ја превземат одговорноста и да бидат клучни во комбинаториката на Венгер која сеуште не е на потребното ниво.

Европското искуството на англискиот гигант во вакви натпревари со голем притисок е можеби најсилниот адут на Арсенал, но Бешикташ во првиот дуел покажа дека има право да сонува и да се надева.     

Пред 11 години Бешикташ во групата од Лигата на Шампионите во Лондон го победи тогаш најдобриот премиерлигашки тим, Челзи, но во 15-те досегашни пресметките со англиските клубови има 7 порази.

Натпреварот Арсенал – Бешикташ вечерва на прва од 20-40 како централен настан на Отвореното студио на МТВ, посветено на Лигата на шампионите.