ахв

Труење со храна, затворена сендвичарница во Штип

28.09.2025 19:29

Пет граѓани од Штип пријавиле симптоми на труење по консумирање сендвичи со пилешко месо од киоск ...

Пет граѓани од Штип пријавиле симптоми на труење по консумирање сендвичи со пилешко месо од киоск – сендвичарница, информира Агенцијата за храна и ветеринарство.

Објектот е веднаш затворен до добивање на лабораториски резултати. Земени се примероци од храната и брисови од работните површини.

Инспекторите спроведуваат вонреден надзор во координација со Центарот за јавно здравје – Штип.

Дел од засегнатите побарале медицинска помош, а здравствените служби ја следат нивната состојба. Од АХВ најавуваат продолжени контроли во Штип за да се спречат слични случаи и да се заштитат потрошувачите.