Проевропската партија победник на изборите во Молдавија
Со речиси 90% од преброените 1,6 милиони гласови, Партијата за акција и солидарност на Санду освои нешто помалку од 50%, што е далеку пред прорускиот Патриотски изборен блок со помалку од 26% од гласовите...

Проевропската партија на молдавската претседателка Маја Санду во водство на парламентарните избори кои се сметаа за клучни за патот на земјата кон ЕУ. Со речиси 90% од преброените 1,6 милиони гласови, Партијата за акција и солидарност на Санду освои нешто помалку од 50%, што е далеку пред прорускиот Патриотски изборен блок со помалку од 26% од гласовите.
Излезноста беше над 52%, повисока отколку во изминатите години. Еден од главните опозициски лидери, Игор Додон, прогласи победа пред да почнат да се објавуваат резултатите и повика на протести денеска пред парламентот. Изборниот ден го одбележаа закани за бомби на гласачки места во Италија, Романија, Шпанија и САД. Слични закани беа пријавени и во Молдавија, а три лица беа уапсени под сомнение за заговор за немири еден ден по гласањето.
Шефот на партијата на Санду, Игор Гросу, ги обвини криминалните групи поддржани од Москва за инцидентите.
