ЕВРОПА

Дронови забележани во неколку земји во Европа

29.09.2025 08:55

Пренасочени беа три патнички авиони, а привремено беше затворен аеродромот. Во меѓувреме и Данска ги затвори аеродромите за сите цивилни дронови, откако непознати летала беа забележани во близина на неколку воени објекти во текот на ноќта...

Дронови го нарушија воздушниот сообраќај на аеродромот Фуертевентура во Шпанија. Пренасочени беа три патнички авиони, а привремено беше затворен аеродромот. Во меѓувреме и Данска ги затвори аеродромите за сите цивилни дронови, откако непознати летала беа забележани во близина на неколку воени објекти во текот на ноќта. Забраната ќе трае до петок.

Претходно, рускиот шеф на дипломатијата ги отфрли обвинувањата за намерно кршење на воздушните простори на земјите од НАТО и ЕУ, но призна дека сепак се случуваат инциденти. Изјавата на Лавров е во услови на зголемени тензии меѓу Москва и НАТО сојузниците, откако Полска, Романија и Естонија пријавија руски воздушни упади, а сомнителни дронови беа регистрирани и во Шведска, Норвешка и Холандија.

Како одговор на зголемените закани, Алијансата објави засилување на мисијата во Балтичко Море со испраќање фрегата за воздушна одбрана и дополнителни средства за следење и надзор.