Предизвикувачко првенствено коло
Македонското фудбалско вжештување расте. Прволигашите денеска петти пат ќе истрчаат од почетокот на новата сезона .Според двојките, следи исклучително интересно коло. Од четирите попладневни пресметки со особена привлечност е натпреварот во Битола. Пелистер го пречекува првакот Работнички. Жестоко ќе биде и во Штип. Брегалница е во ситуација против Металург да ги лечи тешките удари примени на стартот. „Железарците“ по традиција се најтешкиот опонент за Брегалница.

Македонското фудбалско вжештување расте. Прволигашите денеска петти пат ќе истрчаат од почетокот на новата сезона .Според двојките, следи исклучително интересно коло. Од четирите попладневни пресметки со особена привлечност е натпреварот во Битола. Пелистер го пречекува првакот Работнички. Жестоко ќе биде и во Штип. Брегалница е во ситуација против Металург да ги лечи тешките удари примени на стартот. „Железарците“ по традиција се најтешкиот опонент за Брегалница. Во 15-те досегашни меѓусебни дуели Штипјани само еднаш и се радувале на победата, а на свој терен никогаш досега!Металург, по долгиот пат во Европа, одигра три прелиминарни кола во квалификациите за Лигата на Европа, многу успешно влезе во лов на домашните бодови. Дел од денешното фудбалско попладне е и тетовското дерби Шкендија- Ренова, секогаш интересно и неизвесно.Во минатата сезона Силекс и Теткс ги кршеа копјата како второлигаши. По враќањето на прволигашкиот колосек, многу поуспешни се фудбалерите од Кратово.Ова првенствено коло вечер ќе го заокружат Вардар и Хоризонт. Вардар стартуваше фуриозно, Хоризонт од депримирачката претпоследна позиција оди на тешкото гостување во Скопје. Камерите на Македонската телевизија денеска ќе бидат вклучени во Штип на натпреварот Брегалница-Металург.
Прва лига: 5 коло
Пелистер-Работнички
Шкендија-Ренова
Брегалница-Металург МРТ 17.00
Силекс-Тетекс
Вардар-Хоризонт 19.00
