Зеленски ја обвини Русија за дроновите во Европа
По викенд нападот врз Украина со стотици дронови, Зеленски изјави дека Русија ги отфрлила сите вистински мировни предлози и поради тоа заслужува посилен притисок...

Украинскиот претседател ја обвини Русија за лансирање дронови против европските земји од флоти во сенка.
„Постојат разузнавачки информации кои укажуваат дека Русите користат танкери за лансирање и управување со дронови против европските земји. Ова е уште еден доказ зошто Балтичкото Море и другите мориња мора да бидат затворени за руски танкери, барем за флотата во сенка“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
По викенд нападот врз Украина со стотици дронови, Зеленски изјави дека Русија ги отфрлила сите вистински мировни предлози и поради тоа заслужува посилен притисок.
