Денеска средба Трамп-Нетанјаху
Нетанјаху е под силен меѓународен притисок да ја прекине војната во момент на тековната офанзива во Газа...

Израелскиот премиер, пред состанокот со американскиот претседател во Белата куќа, изјави дека работи со тимот на претседателот Трамп на мировен план. Дециден е, не се откажува од своите позиции, искоренување на Хамас и враќање на заложниците.
„Сакаме да се ослободиме од владеењето на Хамас и да го разоружаме, Газа да биде демилитаризирана и да се создаде нова иднина за жителите на Газа и Израелците, како и за целиот регион. Мислам дека постојат многу можности за мир, за кои разговарам со претседателот Трамп и неговиот тим, и планираме да ги искористиме“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Нетанјаху е под силен меѓународен притисок да ја прекине војната во момент на тековната офанзива во Газа. Арапски претставници објавија дека предлогот од 21 точка повикува на итен прекин на огнот, ослободување на сите заложници што ги држи Хамас во рок од 48 часа и постепено повлекување на израелските сили од Газа.
