МЗТ Скопје Аеродром со осма титула во Супер купот „Драган Василев – Цевка“
Натпреварот донесе голема неизвесност и квалитетна игра на двете страни. МЗТ на полувреме имаше минимална предност (32-31), а во последната секунда од третата четвртина тројката на Војдан Стојановски им обезбеди водство од 55-52 пред решавачкиот период.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја продолжија доминацијата во македонската кошарка и по осми пат го освоија трофејот во Супер купот „Драган Василев – Цевка“. Во вечерашното финале, одиграно во СРЦ „Кале“ во Скопје, „металците“ славеа над Кожув со 71-65.
Натпреварот донесе голема неизвесност и квалитетна игра на двете страни. МЗТ на полувреме имаше минимална предност (32-31), а во последната секунда од третата четвртина тројката на Војдан Стојановски им обезбеди водство од 55-52 пред решавачкиот период.
Клучниот момент се случи на 55 секунди до крајот, кога при водство од 63-62, Стојановски повторно погоди тројка и ги донесе „сино-белите“ на плус пет, предност што ја задржаа до крајот.
Кај МЗТ најефикасен беше Гил со 16 поени, додека Стојановски додаде 13, а Петков заврши со 10 поени. За Кожув, најдобар стрелец беше Пурвис со 21 поен.
Ова е осма титула во Супер купот за МЗТ Скопје Аеродром и петта последователна, со што клубот уште еднаш ја потврди својата доминација на македонската кошаркарска сцена.
Фото: Фејсбук/ КК МЗТ Скопје Аеродром
