САД

Најмалку четири лица загинаа во напад во мормонска црква во Мичиген

29.09.2025 10:24

Вооружен маж влетал со возило во верскиот објект и отворил оган врз верниците, по што ја запалил црквата. Напаѓачите е идентификуван по престрелка со полицијата...

Најмалку четири лица загинаа, а осуммина се повредени во напад во Мормонската црква во Мичиген. Вооружен маж влетал со возило во верскиот објект и отворил оган врз верниците, по што ја запалил црквата. Напаѓачите е идентификуван по престрелка со полицијата. Тој бил воен ветеран, кој од 2004 до 2008 година бил на мисија во Ирак.

Друг 40-годишен маринец – ветеран кој служел во Ирак, е осомничен за пукање во Северна Каролина во кое загинаа три лица, а петмина беа ранети помалку од 14 часа пред инцидентот во Мичиген.

Претседателот го оцени инцидентот како „уште еден целен напад врз христијаните“.