Бед Бани ќе настапи на полувремето на Супербоул 2026
Финалето во американско рагби ќе се одржи на 8 февруари во Санта Клара, Калифорнија. За Бед Бани, кој има 31 година, ова ќе биде прв самостоен настап на Супербоул, откако во 2020 година се појави како гостин во шоуто на Џенифер Лопез во Мајами.

Порториканскиот рапер и добитник на „Греми“, Бенито Антонио Мартинез Окасио – Бед Бани, ќе биде главната ѕвезда на шоуто за полувремето на „Супербоул“ следната година, потврди НФЛ.
Финалето во американско рагби ќе се одржи на 8 февруари во Санта Клара, Калифорнија. За Бед Бани, кој има 31 година, ова ќе биде прв самостоен настап на Супербоул, откако во 2020 година се појави како гостин во шоуто на Џенифер Лопез во Мајами.
„Она што го чувствувам оди подалеку од мене. Ова е за мојот народ, мојата култура и нашата историја“, изјави музичарот во соопштението на НФЛ.
Традицијата на полувремињата на Супербоул го вклучуваше настапите на најголемите имиња во музичката индустрија – Мајкл Џексон, „Ролинг стоунс“, Мадона, Брус Спрингстин, Принс, Пол Мекартни, Бијонсе, Џенифер Лопез, Џастин Тимберлејк, Снуп Дог, Мери Џ. Блајџ и Кендрик Ламар.
Иако неодамна во медиумите кружеше веста дека Тејлор Свифт е следна на овој список, таа ја одбила можноста да настапи.
Фото: АП
