Култура

Седмо издание на фестивалот на филм и музика – „Ѕирни“

29.09.2025 20:16

Кафе и филм „Котур“ го најавува седмото издание на фестивалот на филм и музика – „Ѕирни“...

Кафе и филм „Котур“ го најавува седмото издание на фестивалот на филм и музика – „Ѕирни“. Од понеделник до 6-ти октомври годинава ќе можат да се проследат филмови со интернационална и национална селекција, 48-часовниот филмски предизвик, специјална проекција во чест на Илинденка Петрушева, концерт на „Луфтханза“ пред Домот на АРМ, интервјуа, изложби, вкусна храна и внимателно селектирана музичка програма.

Официјалната филмска програма вбројува доста скопски премиери на домашните филмови, „Нова енергија“ во режија на Сара Климоска и Радован Петровиќ, „Избор“ во режија на Марко Црногорски, „Остров“ во режија на Бранко Костески, „Зајак“ во режија на Ханис Багашов и „Сенките на месечината“ во режија на Тина Величковиќ.

Влезот за целосната програма на фестивалот е слободен.