Изминатиот викенд санкционирани 296 возачи за брзо возење
Во текот на изминатиот викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.156 издадени платни налози, 296 прекршоци се однесуваат на возачи коишто не ја почитувале пропишаната брзина на движење...

Во текот на изминатиот викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.156 издадени платни налози поголемиот дел од нив, односно 296 прекршоци се однесуваат на возачи коишто не ја почитувале пропишаната брзина на движење, соопштија од МВР.
Според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 156 прекршоци за неправилно паркирање, 136 прекршоци се изречени за возачи што управувале возила без возачки дозволи, како и 95 прекршоци за возачи кај кои е регистрирано присуство на алкохол над законски дозволеното ниво.
Од друга страна пак, исто така согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на изминатиот викенд санкционирани биле и 16 возачи на мотоцикли заради неносење заштитен шлем, потоа 40 лица заради користење на мобилен телефон при возење, 11 мерки за возачи што минале на црвено светло, како и 57 учесници во сообраќајот коишто не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 20 возила се отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а едно заради техничка неисправност.
Исто така во текот на изминатиот викенд, а врз основа на членот 297-а од КЗ на РСМ („безобѕирно управување со возило“) лишени од слобода се пет возачи заради прекумерно присуство на алкохол во крвта (над 1,5 промили), се наведува во соопштението.
