Авиосообраќај

Виз Ер стартува со нова линија Скопје – Штутгарт

29.09.2025 13:36

Со оваа дестинација, „Виз Ер“ сега нуди вкупно девет линии од Скопје до германски градови, меѓу кои Берлин, Дортмунд, Хамбург и Минхен- Меминген.

Од денеска авиокомпанијата „Виз Ер“ воспостави нова директна линија од Меѓународниот аеродром Скопје до Штутгарт. Летовите ќе се одвиваат три пати неделно – секој понеделник, среда и петок.

Со оваа дестинација, „Виз Ер“ сега нуди вкупно девет линии од Скопје до германски градови, меѓу кои Берлин, Дортмунд, Хамбург и Минхен- Меминген.

„Редовните летови ќе ја олеснат поврзаноста за граѓаните, бизнисмените и дијаспората. Ќе продолжиме да инвестираме во подобрување на услугите и промоција на земјата како атрактивна дестинација“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Штутгарт, познат по музеите на „Мерцедес-Бенц“ и „Порше“, винските фестивали и богатата културна сцена, сега е уште поблиску до македонските патници.