Кривичен очекува обвинителниот акт за „Пулс“ да биде оценет до крајот на неделата
Судот потсетува дека станува збор за предмет со 37 обвинети правни и физички лица, застапувани од 33 бранители, поради што постапката се одолговлекувала, особено со доставата на актот до дел од адвокатите и претставниците...

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека до крајот на оваа недела се очекува да заврши оцената на обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Судот потсетува дека станува збор за предмет со 37 обвинети правни и физички лица, застапувани од 33 бранители, поради што постапката се одолговлекувала, особено со доставата на актот до дел од адвокатите и претставниците.
Со оглед дека сите обвинети и нивните бранители сега го имаат примено обвинителниот акт, роковите за приговор истекуваат на 3-ти октомври. Судот уверува дека се преземаат сите мерки за законска постапка и за почитување на правата на странките.
