Мицкоски: Секој поврзан со случајот во Кочани мора да одговара
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека сите лица кои на кој било начин се поврзани со случајот во Кочани треба да бидат изведени пред лицето на правдата…

Секој оној, кој на каков било начин и во каква било форма има поврзаност со случајот во Кочани треба да биде изведен пред лицето на правдата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
„Случајот го води Обвинителството. Видовте, 12-тина обвинители работеа на него. Ако прашате дали сум задоволен од нивната работа, одговорот е – не сум. Затоа и ја поддржавме смената на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, а зошто СДСМ и ДУИ не ја поддржаа смената, тоа е друго прашање“, рече Мицкоски.
Мицкоски изјавата ја даде по увидот во градежни активности во Градско, прашан за новата сторија на ИРЛ во која се посочува дека даночни инспектори биле вмешани во случајот, но не се опфатени со обвинението.
