Молдавија

ЕУ ја поздрави изборната победа на партијата на Маја Санду во Молдавија

29.09.2025 12:42

Високите претставници на Европската унија ја поздравија веста дека владејачката партија на молдавската претседателка го задржа парламентарното мнозинство на изборите. Кремљ негодува - вели, Молдавците немале можност да гласаат во Руската Федерација...

Високите претставници на Европската унија ја поздравија веста дека владејачката партија на молдавската претседателка го задржа парламентарното мнозинство на изборите. Кремљ негодува - вели, Молдавците немале можност да гласаат во Руската Федерација.

„Од она што го гледаме и знаеме, можеме да потврдиме дека на стотици илјади Молдавци им е одземена можноста да гласаат во Руската Федерација, бидејќи им биле отворени само две избирачки места, што секако, било недоволно и всушност не можело да им овозможи на сите да гласаат“, истакна Димитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Проевропската партија на Санду со убедливо водство на парламентарните избори кои се одржаа во клучен момент за Молдавија. Земјата е кандидат за членство во ЕУ, но се наоѓа во непосредна близина на војната во Украина и според молдавските власти, редовно е предмет на притисок и хибридни напади од Москва.

„Сите знаеме дека Руската федерација беше силно вклучена во изборите во Молдавија. Почнувајќи од обиди за купување гласови, како и обука на млади луѓе за организирање насилство и дестабилизирачки акции. И сето тоа за да може Русија да ја преземе власта во Кишињев и да ја користи Молдавија за свои цели“, изјави Маја Санду, претседател на Молдавија.

„Партијата за акција и солидарност“ освои нешто помалку од 50 проценти од гласовите, што е далеку пред прорускиот „Патриотски изборен блок“ кој освои помалку од 26 насто. Еден од главните опозициски лидери, прогласи победа пред да почнат да се објавуваат резултатите и ги повика поддржувачите да излезат на протести пред парламентот.

Изборниот ден во Молдавија го одбележаа лажни закани за бомби на избирачките места, а три лица беа уапсени под сомнение за заговор за немири еден ден по гласањето.

Катерина Бојаџиева