„Пулс“
Неделава оценка на обвинението за Кочани
29.09.2025 13:24
Основниот кривичен суд Скопје најавува дека до крајот на неделава ќе ја заврши оценката на обвинителниот акт за една од најтрагичните ноќи во поновата историја на градот Кочани и на Македонија...

Основниот кривичен суд Скопје најавува дека до крајот на неделава ќе ја заврши оценката на обвинителниот акт за една од најтрагичните ноќи во поновата историја на градот Кочани и на Македонија. Овој предмет, оптоварен со години процедури и технички пречки, сега е на прагот да добие нова судска страница. Истекуваат роковите за приговори, а семејствата на жртвите повторно чекаат одговор. Ќе ја дочекаат ли конечно правдата или судската лавиринтска процедура ќе продолжи да ги голта годините?
Петар Печков известува.
