МВР

Лишени од слобода двајца битолчани за „незаконит лов“, во нивното возило се пронајдени две уловени срни

29.09.2025 15:54

Вчера околу 10:30 часот на крстосница за с. Брод, општина Новаци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија ги лишија од слобода С.Ф.(51) и В.Ф.(26), двајцата од Битола...

Вчера околу 10:30 часот на крстосница за с. Брод, општина Новаци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија ги лишија од слобода С.Ф.(51) и В.Ф.(26), двајцата од Битола, информираат од МВР.

При преглед во возилото „Форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ф., а сопатник бил В.Ф., пронајдени се еден карабин и две ловечки пушки со дозволи, неколку уловени пајки, за кои, исто така, поседувале дозвола за лов, како и две уловени срни за кои не поседувале дозвола за лов.

Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

 

 

 

Фото: МВР