Матичните лекари ќе препишуваат повеќе лекови на рецепт
Од први октомври матичните лекари ќе пропишуваат повеќе лекови на рецепт. Фондот за здравствено осигурување им го зголеми буџетот за лекови од 330 на 400 денари по бод.
Како што велат од здружението на приватни лекари , ова нивно барање кое го прифатил Фондот се должи на фактот што голем број лекови се симнаа на ниво на матичен , што значи дека пациентите можат да го добијат лекот директно од избраниот лекар без да одат кај специјалист.

Бенефитот за лекарите е што послободно ќе можат да препишуваат лекови без да се плашат дека ќе им биде намалена капитацијата. Изминатиот квартал околу 300 лекари имале одредено намалување, поради прекорачување на лимитот.