Локални избори 2025

Кандидатот на НАИ, Османи ја претстави програмата

29.09.2025 18:28

Исходот од изборите во Чаир ќе ја одреди не само иднината на општината, туку и положбата на Албанците во државата за наредните децении. Прво, дали конечно Чаир ќе почне да се менува, рече во своето излагање при промоцијата на својата програма кандидатот на Национална алијанса за интегритет, Бујар Османи...

Чаир е на крстопат дали ќе продолжи по патот на корупција и дивоградби, или ќе ја избере визијата за европска и современа општина, рече во своето излагање при промоцијата на програмата кандидатот на Национална алијанса за интегритет, Бујар Османи.

Прво дали ќе тргнеме напред со нова енергија, без корупција, со работа и посветеност. И второ, дали Албанците ќе останат заробени во најнетранспарентната и најнечистата општина каде цвета корупцијата и се шират дивоградби, додаде Османи.

Османи порача дека Општина Чаир не може повеќе да живее заробена од како што рече „клика“ која да биде уште полошо, е управувана од друго место и тоа мора да заврши.

Фиљана Кока