Димитриевски: Куманово ќе биде нов регионален центар
Куманово ќе биде нов регионален центар на Балканот, кој освен локалната ќе ја развива и регионалната економија. Ова е новото ветување на кандидатот за градоначалник од ЗНАМ, Максим Димитриевски. Тој се пофали со 800 реализирани проекти...

На Куманово му треба континуитет, е порака на кандидатот за градоначалник од ЗНАМ. Димитриевски вети нова реална и остварлива програма. Потсети дека излегуваат со потврдени резултати, над 800 реализирани проекти. Целта сега рече е Куманово да биде нов регионален центар на Балканот, кој освен локалната ќе ја развива и регионалната економија.
„Ќе се зголемува бројот на работните места во градот, ќе имаме и домашни но и странски инвестиции. Куманово мора да биде нов регионален центар и движечка економска сила на овој дел на Балканот а не само во Македонија. Постојат такви можности и потенцијали и веќе во моментов се работи на тоа, потврдени се голем број на инвестиции коишто се инвестираат во градот, тргнувајќи од инвестицијата на ЛИДЛ, дополнително други компании“, нагласи тој.
Димитриевски најави и нови работни места за младите.
„Нашата цел е да ја зголемиме економската моќ на нашите граѓани, што поголем број на млади луѓе да останат да творат и создаваат тука во Куманово и секако во претстојната кампања и следниот мандат ги повикувам граѓаните на Куманово да ми го доверат, ќе дадеме поголема можност на младите луѓе и директно нивно учество во носењето на одлуките и одлучување за иднината на нашиот град“, дополни тој.
Од ЗНАМ ветија фер, демократска и позитивна кампања.
Елена Георгиевска
