Активности на коалицијата „Искуство за успех“
Кандидатот за градоначалник на Скопје, Александар Трајановски, истакнува дека неопходно е да се заврши мостот на Љубљанска и Паркот за рекреација, кој осум години не функционира, апелирајќи над партиските суети. Коалицијата „Искуство за успех“ ја сочинуваат ЛДП, Гром, Интегра и ПЦЕР …

Кандидатот за градоначалник на Скопје Александар Трајановски вели дека неопходно е да се заврши мостот на „Љубљанска“, но и Паркот за рекреација кој осум години не работи. Треба, вели тој да се надминат партиските суети.
Кандидатот за Карпош Стевче Јакимовски со неколку апели до граѓаните. Апелирам за разум до граѓаните, да гласаат за советници кои ќе бидат дел од решенијата на нивните проблеми.
Коалицијата „Искуство за успех“ ја сочинуваат ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР.
Миле А. Ристески
