Локални избори

Активности на Левица

29.09.2025 17:50

Локалната политика штотуку ја крена завесата, а првиот чин ветува многу повеќе од досадна администрација. Имено Левица избра првиот јавен настап од кампањата да го одржи пред Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги со герила акција. Политичките претставници се појавија со залепени усти …

Герила акција во знак на протест - вака претставниците на Левица го опишаа нивниот настап со леплива трака на усните. Симболично кампањата ја стартуваа пред просториите на АВМУ се цел да го изразат своето незадоволство од одлуките кои ги донесоа заедно со ДИК, а се однесуваат на финансирањето на изборната кампања. Ова е класична цензура велат од Левица.

„Ускратено ни е целосното политичко рекламирање и финансирање за оваа кампања. Ова е преседан од невидени размери. Досега во плуралистичката демократија не памети. Ова не е само удар за Левица туку е удар за демократијата во целост“, стои во соопштението од Левица.

Партијата поднесе тужби против АВМУ и ДИК. За настаната ситуација информирани се и набљудувачите на ОБСЕ. Подготвени сме правдата да ја бараме и во Стразбур-велат од Левица.

„Упатена е тужба до АВМУ, упатена е и до ДИК. Се спремаат неколку кривични пријави за злоупотреба на службената положба, кои ќе бидат поднесени во најскоро време. Ги запознавме и луѓето од ОБСЕ кои го набљудуваат за тоа што е сè направено и како функционира плуралистичката демократија во нашата земја. И очекуваме да добиеме реакција од нивна страна и како што веќе најавивме нема откажување колку и да биде долг патот до правдата, ние с, ме спремни да одиме и до Стразбур и да се бориме за нашите права“, соопштија од Левица.

Од Левица велат дека социјалните мрежи се најсилниот адут кој може да одговори на според нив цензурата и молкот. Активностите на своите кандидати за градоначалници и советници во општините редовно ќе бидат објавувани на социјалните мрежи.

 

Марина Стојанова-Тонева