Здравство

Куманово: Уште едно затруено дете од таблета

29.09.2025 18:40

Двегодишно дете од липковското село Отљо, затруено откако испило таблета. Детето е примено на детскиот оддел во кумановската болница...

Двегодишно дете од липковското село Отљо, затруено откако испило таблета. Детето е примено на детскиот оддел во кумановската болница. По извршениот преглед, му е дадена терапија. Како што информираат од установата во моментов е во стабилна состојба. Родителите одбиле да биде хоспитализирано, па е пуштено дома.

Последниве месеци во неколку наврати во кумановската болница се носат затруени деца од таблети или детергенти. Здравствените работници повикуваат на внимателност.