Локални избори 2025

„Вреди“ најави дел од активностите за Чаир

29.09.2025 17:45

Изет Меџити, кандидат за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата „Вреди“, најави враќање на местото каде што припаѓа – меѓу жителите на Чаир. Тој истакна дека општината повторно е на агендата на владата, со бројни проекти кои ќе го подобрат животот на сите граѓани. Меџити порача дека времето на поделби и лаги е завршено, дека вратата на општината ќе биде отворена и дека ќе се работи транспарентно...

„Моето враќање ќе биде на местото каде што припаѓам, во општината во Чаир, но и меѓу жителите“, рече Изет Меџити, кандидат за градоначалник на општина Чаир, од коалицијата „Вреди“. Додаде дека Чаир се вратил на агендата на Владата, а во агендата има многу проекти кои ќе го подобрат животот на сите во Чаир.

Времето на поделби и лаги е завршено. Вратата на општината ќе биде отворена, ќе работиме транспарентно, рече Меџити.

 

Наташа Јанчиќ – Менковски